Прегазувањето на малиот Алмир ќе се суди како убиство
Случајот кој ја потресе македонската јавност со прегазувањето на малиот Алмир во Куманово наскоро треба да влезе во судска процедура.
Основното обвинителство на Куманово поднесе обвинение за убиството на малиот Алмир Алиу, кој беше прегазен на 25 јуни годинава во близина на семејниот дом во Куманово. Против возачот Бобан Илиќ од Куманово е поднесен обвинителен акт за кривично дело убиство.
Според истрагата, Илиќ се скарал со таткото на Алмир. Потоа тој со својот автомобил го прегази малиот Алмир кај кумановската болница, а детето почина од повредите. Братот на Бојан потоа тврдеше дека тој немал таква намера, туку дека во тој момент со возилото бегал од група напаѓачи.
Одбраната побара невро-психијатриско вештачење бидејќи тој во текот на распитот се жалел дека при извршување на делото не бил во добра психичка и физичка состојба.
