Прегазил тетовчанец на тротинет и побегнал
Возач засега непознат на полицијата прегазил тетовчанец додека го управувал својот електричен тротинет, по што се здобил со тешки телесни повреди.
„На 13.07.2024 во 22.55 часот во СВР Тетово било пријавено дека на улица ,,Браќа Миладинови" во Тетово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило, кое го напуштило местото на настанот, и електричен тротинет управуван од А.Д.(25) од Тетово, кој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница во Тетово“, објави МВР.
Увид на лице место извршила увидна екипа од СВР Тетово.
Слично
