Прегазено девојче на пешачки кај Клубот на пратеници
Денес на пладне околу 12.45 часот на пешачкиот премин кај Клубот на пратеници, поточно на улицата Митрополит Теодосиј Гологанов.
Според она што го пренесуваат дел од медиумите девојчето најверојатно е средношколец од средното уметничко училиште и била во придружба на неколку другари во моментот кога ја преминувале улицата на нив налетал автомобил “форд фокус“ со скопски таблички.
Автомобилот не возел многу брзо, но најверојатно не закочил на време и удрил во девојчето а на помош притрчале случајни минувачи.
Итна помош и лекари на местото на настанот пристиганле во најбрзо време а девојчето е во стабилна состојба со фрактура на ногата.
Од дополнителни анализи ќе се знае дали тоа е единствената повреда. Подетално во текот на денот.
