Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРЕГАЗЕНО 11 ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ВО СКОПСКО МАЏАРИ - полицијата го бара возачот кој избегал по ударот

ПРЕГАЗЕНО 11 ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ВО СКОПСКО МАЏАРИ - полицијата го бара возачот кој избегал по ударот

Единаесет годишно девојче е тешко повредено откако ја удрил автомобил на улицата Перо Наков во скопската населба Маџари, во вечерните часови. 

Девојчето е пренесено на Скопските клиники, а по возачот се трага, бидејќи избегал од местото на настанот. 

- На 28.10.2025 во 20:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Перо Наков“ во Скопје, патничко возило удрило во 11-годишна малолетничка од Скопје, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот. 

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и за целосно расчистување на случајот - пишува во билтенот на МВР.  

Слично

Поврзани вести