Прегазениот велосипедист не поминувал на пешачки, удрен од германска Шкода
Прегазениот 57 годишен велосипедист не поминувал на пешачки премин. Ова станува јасно од деталите на ОЈО по направениот увид на местото на несреќата.
Фактор синоќа јави за сообраќајна несреќа во која пешак го загубил животот, а според официјалните информации немилиот настан се случил на булеварот „Видое Смилевски – Бато“ во скопската населба Ново Лисиче.
Во пешкот удрило возило Шкода октавиа со германски регистарски таблички, управувано со полномошно од македонска државјанка а удирот бил фатален.
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, заедно со увидни екипи на Министерството за внатрешни работи и претставници на Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија, вечерва изврши увид на булеварот „Видое Смилевски – Бато“ во скопската населба Ново Лисиче, каде во сообраќајна несреќа еден пешак го загуби животот.
Телото е предадено на обдукција а ОЈО ќе испитува дали возачот на автомобилот возел под дејство на алкохол. Од МВР се бараат и снимките за да се види како точно се случила несреќата.
