Економија, финансии, бизнис

Контакт

Прегазени две жени во Скопје

Прегазени две жени во Скопје

Две постари жени вчера околу 13 часот биле прегазени од автомобил, во Скопје

Според информациите од МВР, сообраќајната несреќа се случила на крстосницата од улиците „Смилевска“ и „Жеденска“. Тогаш автомобил „мерцедес“ управуван од Л.Ј. (25) од Скопје удрил во пешаците Т.К. (79) и Р.А.(82), двете од Скопје.

79 годишната Т.К со возило на Итна медицинска помош  била пренесена во Градската општа болница “8 Септември“ каде што и биле констатирани тешки телесни повреди, a потоа била префрлена во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ каде била задржана на понатамошно лекување.

На местото на несреќата е извршен увид од страна на увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Скопје кои работат на целосно расчистување на случајот.


Слично

Поврзани вести