Прегазени две деца на електричен тротинет во Тетово
Вчера претпладне на улица „Илинденска“ во Тетово две деца кои управувале електричен тротинет се стекнале со тешки телесни повреди откако во нив удрил Н.Т. (36), објави СВР Тетово.
„Вчера во 10:50 часот во СВР Тетово пријавено е дека на улица „Илинденска“ во Тетово се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко моторно возило „сеат терацо“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 36-годишниот тетовец Н.Т. и електричен тротинет на кој сепревезувале двајца малолетници од тетовска Мала Речица“, пренесува МВР.
Во несреќата, малолетниците се здобиле со тешки телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница, а на местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово.
Слично
