Економија, финансии, бизнис

Контакт

Прегазена жена пешак во Скопје

Прегазена жена пешак во Скопје

Страшна сообраќајна несреќа се случила вчеравечер околу 19 часот и 35 минути на улицата „Анастас Митрев“ во Скопје.

Полицијата информира дека патничко возило „Шкода Октавија“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 41-годишниот Ѓ.К. од Скопје удрило во пешак.

Се работи за 71-годишната А.Т. од Скопје која се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде и била укажана лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.


Слично

Поврзани вести