ПРЕГАЗЕНА МЕЧКА, ЧЕСТА ПОЈАВА НА ЗМИИ... Еве што вели извештајот на ЦУК
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 2 065 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК во последното деноноќие, од коишто „реални“ повици биле 65,23%, а 34,77% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 63,22%, кон Итната медицинска помош 23,40%, а кон пожарникарите 6,99% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Инаку, имало 539 повици за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици (6,39%) и на тие што се именувани како „неитни повици“ (34,77%). Сите тие биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК).
13 пожари на отворено се регистрирани во последното деноноќие, а од вчерашните како активен се води само еден пожар. Конкретно во Општина Кичаво е активен се уште пожарот кај с.Цер, каде што горело ниска вегетација и габер.
Регионалниот ЦУК Тетово известува, дека на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена пријава за сообраќајна несреќа, при што возило удрило во мечка – утрово во 05.37 часот. Повредени во патничкото возило нема, додека мечката починала на лице место. Настанот се случил на патниот правец Гостивар-Охрид, кај вториот каменолом. На местото на несреќата присутни се полициски службеници од ПС Гостивар и увидна. Исто така известени се и Национален Парк Маврово и ТППЕ Гостивар за отстранување починатата мечка од магистралниот пат.
Инаку, на секои неколку денови има пријава за видени змии и во населени места. Нема специјализирана служба за нивно заловување и безбедно отстранување, па порано кога дежурните немаа никакви информации за некој што отстранува да им дадат и да посочат каде може да се обратат негодуваа и се лутеа– барем еден контакт да им се даде, а сега кога дежурните имаат информации и кога ќе им се даде контакт на лица кои можат да отстрануваат змии, но по претходен договор за услугата, граѓаните се лутат што тоа не е бесплатно. Но, поголемиот дел граѓани, покажуваат разбирање за тоа, како и дека не може во сезона на пожари пожарникарите да е користат секогаш плус и за такви специфични и ретки итни случаи. Почестата појава на змии во населени места индицира дека локалните самоуправи, а секако и на повисоко ниво специјализирани институции од ветеринарната област, во рамки на нивните можности е пожелно да се обидат во соработка со професионалци од ветеринарната област да им помогнат на граѓаните и за одбивање од одредени површини и реони со различни еколошки средства на змиите, а и со безбедно заловување во одредени случаи кога се во објекти во населени места.
Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.
