Економија, финансии, бизнис

Контакт

Прегазен велосипедист кај селото Облешево

Прегазен велосипедист кај селото Облешево

Автобус прегази велосипедист во Источна Македонија. 

Сообраќајката се случила денеска околу 16,20 часот на магистралниот пат А3 Штип-Кочани, кај селото Облешево.

Автобус управуван од М. М. (1957) од Кочани удрил во велосипедист управуван од С. Т. (1959) од село Мојанци, Кочанско. С.Т. бил примен во Општата болница Кочани, каде му биле констатирани тешки телесни повреди и е транспортиран за Скопје, но по пат починал.

Извршен е увид на местото на несреќата од крим техника и од јавен обвинител од Кочани. По наредба на јавен обвинител ќе се врши обдукција на телото.

Слично

Поврзани вести