Предупредување за временската прогноза: Денеска промени и силен ветер
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне во источните делови каде ќе бидат пообилни и проследени со грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец, особено претпладне.
Актуелното предупредување за денеска, Управата за хидрометоролошки работи го даде вчера кога соопшти дека под влијание на циклонска активност во текот на ноќта и претпладнево времето ќе биде облачно со врнежи од дожд.
„Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со обилни врнежи од дожд (над 30 л/м2 за кратко време), силен ветер (со удари над 80 км/час), грмежи и можна појава на град, стои во предупредувањето.
Денеска ќе биде и постудено, а максималните температури ќе бидат само до 22 степени целизиусови и тоа во јужните делови. Во Скопје до максимални 19 степени.
