ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА НЕВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА: Постои можност да удри и град
Во текот на денешниот ден 21 мај, како резултат на циклонска активност над NW делови од Апенинскиот полуостров, и поместување на влажен бран од југозапад, се очекува дестабилизација на времето над Македонија. Тоа ќе доведе до развој на конвективна облачност со појава на пороен дожд, грмежи и услови за локално невреме, ја објави анализата од НОТАС, професорот по метеорологија Владо Спиридонов.
Тимот на НОТАС предупредува дека локално постои ниво 3 зголемен ризик од невреме во делови од земјава.
NOTHAS алерти:
21 Мај 2025 – Ниво 2 – Слаб ризик
Локално: Ниво 3 – Зголемен ризик од невреме (пороен дожд, силен ветер, можно град)
Слично
