ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА НЕВРЕМЕ ОД НИВО 3 ВО МАКЕДОНИЈА: „Не се исклучува зголемен ризик од појава на временски непогоди“
Метеорологот Владо Спиридонов, објави предупредување за невреме од степен 3 во Македонија.
„STORM ALERT UPDATE – 05 Јуни 2025 Регион: Македонија
Временски синопсис: Подрачјето на југоисточна Европа и Македонија се наоѓа во антициклонално поле со висок притисок, и транспорт на топол воздух. Но и при овој синоптичко-динамички образец, малото пореметување на геопотенцијалното поле во текот на денот може да ја дестабилизира атмосферата и да услови иницирање на грмотевични облаци, особено во NW дел од Македонија и останатите планински предели.
Ниво 3 – Локално во областите кои ги црта NOTHAS не се исклучува зголемен ризик од појава на временски непогоди (како резултат на обилни врнежи, грмежи, силен ветер но и појава на град).
Објавата е подготвена од тимот на NOTHAS – Новиот Систем за Аларми за Грмотевици и Временски Непогоди“. објави тој.
Слично
