Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД ЕВРОПСКИ ПАРЛАМЕНТ: Мала искра на Балканот може да предизвика голем пожар

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД ЕВРОПСКИ ПАРЛАМЕНТ: Мала искра на Балканот може да предизвика голем пожар

Потпретседателот на Европската народна партија Дејвид Мекалистер, германски претставник во Европскиот парламент и член на ЦДУ, за весникот Цајт рекол дека Европската унија не планира да прими нови членки во блиска иднина.

Тој се осврнал и на се понапнатата ситуација на Балканот и истакнал дека е во интерес на ЕУ земјите од западен Балкан (Србија, Црна Гора, Албанија, Македонија, Косово и БиХ) да бидат стабилни. Додал и дека нивниот пат кон членството во ЕУ ќе биде долг и тежок.

„Политичката ситуација во земјите од Западен Балкан е многу комплицирана. Македонија ја прогонуваат големи корупциски скандали од блиско минато. Во БиХ се уште тлеат тензиите помеѓу три народи Бошњаците, Хрватите и Србите, а политичкиот систем е тешко да се реформира. Во Албанија опозицијата го бојкотира парламентот. Преговорите за нормализација на односите помеѓу Белград и Приштина стагнираат. Во Црна Гора обид за државен удар е спречен на денот на парламентарните избори во октомври 2016 година. Многу мали огнови горат во регионот“, рекол за Цајт.

Руската улога во регионот, вели, значајно се зајакнала.

„Помеѓу 2007 и 2014 повеќе од 1,3 милијарди евра европски средства за Западен Балкан се дадени за Србија. Истражувањата покажуваат дека повеќето Срби претпоставуваат дека нивен најголем поддржувач е Русија. Тоа не е случајност“, вели Мекалистер.

Не ја исклучува ниту можноста за вооружени судири.

„Мала искра може да предизвика голем пожар“, заклучува Мекалистер.

Слично

Поврзани вести