ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Од четврток зима!
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои околу пладне поинтензивни ќе бидат на запад, а во вечерните часови ќе се интензивираат на исток, соопшти УХМР.
Во јужните делови, каде се очекуваат и сончеви периоди, ќе има услови за нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Во Скопје претежно облачно со повремени врнежи од дожд, поинтензивни попладне.
Во следните три дена доќдот нема дапрестане а максималните температури ќе се искачуваат на места до 17 степени.
Пообилни врнежи од дожд повторно ќе има во четврток, кога поради заладување, на планините на северозапад ќе има врнежи од снег. Во четврток впрочем максималната температура ќе достигне само 12 степени.
