Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Дождот ќе мрзне, врнежите не престануваат

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Дождот ќе мрзне, врнежите не престануваат

Времето денеска ќе биде претежно облачно, попладне и во текот на ноќта кон недела со врнежи од дожд, информира Управата за хидрометеоролошки работи. 

Врнежите, поради продор на постудена воздушна маса ќе има услови повремено да преминуваат во снег и на некои повисоки места во северните делови. Можна е и локална појава на замрзнат дожд. 

Ќе дува слаб до умерен, вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер.

Во предупредувањето од УХМР стои дека до вторник ќе се задржи облачно време со врнежи од дожд, на места пообилни и со пороен карактер, особено во западните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер, денес од северен, а потоа од јужен правец. 

Слично

Поврзани вести