Предупредувања за можни немири на денот на изборите-Да се избегнуваат собири!
Многумина експерти и аналитичари оваа изборна кампања ја окарактеризираа како една од највалканите.
И од она што можевме да го слушнеме досега, со закани за ликвидација и крај на приказната со „смрт“ иако можеби иронично кажано, сите поатокази упатуваат на тоа.
Дека се можни немири на денот на изборите нема да биде изненадување.
Токму за ова вчера стигна предупредување од Американската амбасада која ги предупреди своите граѓани да избегнуваат масовни собири на 11 декември.
„Македонија ќе одржи парламентарни избори во недела, 11 декември. Додека неодамешните избори во македонија беа мирни, можни се немири поврзани со изборите. Американската амбасада ги повикува сите американски државјани да бидат свесни за настаните во врска со изборите на 11 декември и да избегнуваат големи толпи, протести и собири кога е можно. Американските државјани треба да ги следат советите на локалните функционери кои се одговорни за безбедноста и сигурноста на сите посетители во Македонија“ пишува во соопштението на страницата на Амбасадата на САД во Македонија.
Затоа пожелно е на денот на изборите да се избегнуваат места каде што има гужви.
