Економија, финансии, бизнис

Контакт

Предновогодишни потези - Макпетрол и Оилко си откупија акции

Предновогодишни потези - Макпетрол и Оилко си откупија акции

Двете компании од нафтениот бизнис кои се во сопственичка корелација, Макпетрол и Оилко на неколку дена од крајот на годинава решија повторно да откупат сопствени акции и на тој начин да внесат свежи пари во финансиските текови. Според јавно објавените информации Макпетрол извршил откуп на 100 сопствени акции, додека пак од Оилко направена е трансакција со откуп на 25 сопствени акции кои се преземени од слободниот пазар. 

„Согласно член 34, алинеја 4 од Правилата за котација на Македонската берза АД Скопје, известуваме дека Макпетрол АД Скопје, со седиште на ул. Св. Кирил и Методиј бр. 4, на ден 27.12.2017 година се стекна со 100 сопствени акции, согласно Одлуката на Собранието на акционери донесена на Седницата одржана на 10.06.2017 година, што преставува 0,09% од основната главнина на Друштвото“ стои во објавата на Макпетрол преку Македонска берза.

Согласно член 34, алинеја 4 од Правилата за котација на Македонската берза АД Скопје, известуваме дека ОИЛКО КДА Скопје, со седиште на ул. 10 бр. 152 Миладиновци - Илинден, на ден 27.12.2017 година се стекна со 25 сопствени акции, согласно Одлуката на Собранието на акционери донесена на Седницата одржана на ден 15.06.2017 година, што претставува 0,01% од основната главнина на Друштвото, пишува во објавата на Оилко на Македонска берза.

Макпетрол и Оилко годинава се меѓу најактивните компании кои вложуваат многу пари во сопствените акции и во повеќе наврати извршија ваков вид на трансакции. Макпетрол во подолг период наназад вршеше откуп на акции за концетрирање и контрола над пакетот обични акции со што демонстрираше доверба во иднината на компанијата, а тој пример со слична динамика го следеше и Оилко кои на ваков чекор се решија дури два пати во овој месец.

Макпетрол лани за 2016 подели дивиденда од 100 денари по акција, а годинава работи профитабилно па се очекува сличен потег од раководството со средствата од годишната добивка. Моменталната вредност на една акција на Макпетрол изнесува 27.000 денари што е мал пад во споредба со цената од над 500 евра која беше достигната во текот на летото, но и нешто подобро од минималната цена од 26.200 денари која кратко се држеше на почетокот на годината.

Цената на една акција на Оилко моментално изнесува 6000 денари и таа се задржа речиси во текот на целата година, со тоа што само во првите месеци од 2017 имаше вредност 4100 денари.

Слично

Поврзани вести