ПРЕДНОСТ ЗА ТРИКАФТА ИМААТ ПАЦИЕНТИТЕ СО ПОЛОША БЕЛОДРОБНА ФУНКЦИЈА: Директорката Фуштиќ кажа кои се критериумите за добивање на лекот
Директорката на Клиниката за детски болести,
проф. д-р Стојка Фуштиќ денеска појаснува кои се основните критериуми за тоа
кои пациенти со цистична фиоброза го добиваат лекот трикафта во услови кога
овој лек не е обезбеден за сите пациенти со оваа ретка болест. Посочува дека
предност имаат оние со полоша белодробна функција, а откако дополнително ќе се
обезбеди лекот, ќе добијат и пациентите со умерена белодробна функција.
-Ја известуваме јавноста дека терапијата Kaftrio во комбинација со Kalydeco (познатa како Tricafta во САД), а за која постоеше голем медиумски интерес, почна да се дава пред 1 месец кај 8 пациенти, а од вчера и кај уште 4 пациенти со цистична фиброза на Универзитетската клиника за детски болести и на Универзитетската клиника за пулмологија. Терапијата е индирана кај пациенти со цистична фиброза кои имаат 6 и повеќе години и барем една F508del мутација во генотипот. Во услови кога не е обезбедена терапија со Kaftrio за сите пациенти со цистична фиброза кои ги исполнуваат критериумите за истата (околу 80), предност за терапија им даваме на пациентите со полоша белодробната функција изразена преку FEV1 (форсиран експираторен волумен во првата секунда). Договорот за тоа кои пациенти ќе бидат вклучени е помеѓу докторите од двете клиники кои се одговорни за лекување на пациентите со цистична фиброза. Со обезбедување на терапија за поголем број пациенти, Kaftrio во комбинација со Kalydeco ќе добијат и пациентите со умерена белодробна болест, се посочува во соопштението од проф. д-р Стојка Фуштиќ, директор на Клиниката за детски болести.
