Економија, финансии, бизнис

Контакт

Предметите преземени во ЈО, утре расправа за разрешувањето на Катица Јанева

Предметите преземени во ЈО, утре расправа за разрешувањето на Катица Јанева

Предметите од СЈО се преземени во ЈО. 

Јавното обвинителство денеска ги презеде предметите од Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.

Седницата за разрешување на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева ќе се одржи утре во 13 часот. Од кабинетот на собранискиот претседател Талат Џафери, соопштија дека тој веќе го потпишал решението за свикување на пленумот со само една точка на дневниот ред.

За нејзиниот можен наследник, партиите уште преговараат, како и за Законот за јавно обвинителство, за кој со месеци немаат договор. 

Слично

Поврзани вести