Економија, финансии, бизнис

Контакт

Предметите на СЈО спакувани, денеска започнува селењето на материјалите

Предметите на СЈО спакувани, денеска започнува селењето на материјалите

СЈО од денес ги сели сите предмети кај Основното јавно обвинителство по меѓусебната кореспонденција што се одвиваше деновиве и одлуката да се предадат материјалите пред истекот на мандатот на специјалната обвинителка Катица Јанева на 15 септември и во ситуацијата кога нема изгледи дека ќе се донесе нов закон за продолжување на неговата работа.

Од Специјалното јавно обвинителство вчера потврдија дека се подготвени за трансферот, а републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески наведе дека сите технички процедури за преселбата на „бомбите“ и доказите се веќе договорени. 

Како што беше вчера најавено, секој обвинител најверојатно ќе треба да го спакува својот предмет, но пред тоа да го попише и архивира. Истата процедура ќе важи и за истрагите и предистрагите. На тој начин ќе му бидат отстапени на Јовески, а можно е физички и воопшто да не бидат изнесени, бидејќи зградата на СЈО останува во сопственост на Јавното обвинителство понатаму.

Во моментов непознато е како ќе се распоредат понатаму вработените на СЈО, но и како ќе се одредува кој ќе ги застапува нивните предмети понатаму.


Слично

Поврзани вести