Предметите на Сашо Василевски и Крсто Мукоски примени на работа во судот во Стразбур
Адвокатскиот тим на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски и Сашо Василевски, кои беа обвинети за учество во настаните во Собранието на 27-ми април, поднеле тужби до Меѓународнуиот суд во Стразбур поради, како што велат тие, за незаконско приведување на пратениците, а од таму добиле повратен одговор дека предметите биле примени за работа, објави Гласот на Америка.
„Претежно се осврнуваме на повредите кои се направени во постапката. Приведен е во период кога имал имунитет, како и третманот кој го добил од страна на органите на прогонот. Апликацијата се однесува на периодот се` до преиначувањето на притворот во куќен притвор, или периодот до покренување на обвинение“, вели Михаил Кичеец, адвокат на пратеникот Крсто Мукоски.
Кичеец вели дека бараат финансико обештетување од страна на државата. За колку време Судот би донел одлука, не можат да кажат.
Во меѓувреме на 22-ри август, почнува судењето за собраниските настани во кои се обвинети 33 лица.
На 31 од нив, ќе им се суди за терористичко загрозување на Уставниот поредок и безбедноста, а на двајца за помагање.
