Предлози од Заев за реконструкција на Владата
Ниту една политичка партија не ја блокира реконструкцијата на Владата, вели премиерот Зоран Заев и тврди дека сите сакаат соработка.
- „Денеска ќе има дополнителна комуникација. Сакам овие денови да привршуваме со оваа тема. Сите се со очекување на предлозите кои произлегуваат од мене, како премиер. Согласно тоа, потоа ќе се изјаснат и политичките партии. Ако успееме да ги номинираме самите предлози за преземање на одговорноста во одредени ресори, јавни институции и слично, на политичките партии ќе им требаат неколку денови да донесат одлуки на свои органи и тела. Се надевам дека ако не со сите партии, со дел од партиите ќе успееме. Немаме опструкции од никој“, рече Заев.
Слично
