Предложено ново законско решение за амбасадори
Новото законско решение за амбасадори, во иднина ќе ја штити дипломатската служба, тврди премиерот Заев.
Тој преку Фејсбук статус пишува дека е предложено ново законско решение за амбасадори, кое ќе им дава предност на кариерните дипломати.
„Од 2017 досега 87,5 проценти од лицата кои се именувани за амбасадори се кариерни дипломати, 35 од нив се професионални, а само пет се политички решенија. За споредба во периодот 2006-2017 година, соодносот помеѓу професионалните и политичките решенија бил 42,3 отсто, или во реалноста 33 кариерни (седум вработени непосредно пред испраќање) и дури 45 политички решенија“, напиша Заев на Фејсбук.
Имено, Владата на седницата што ја одржа во саботата, го прифати текстот на Предлог-законот за надворешни работи, што има за цел реформа на дипломатската служба во насока на нејзина целосна професионализација и приближување кон европските текови за современи дипломатски служби. Овој Предлог-закон прави разлика меѓу надлежностите и принципите на работа, како и правата и обврските од работниот однос на дипломатите и на административните службеници во Министерството.
Со новото законско решение се предлага бројот на шефовите на дипломатско конзуларните претставништва од кариерните дипломати да биде 80 отсто, а посебно внимание е посветено на структурата и раководењето со организационите единици во Министерството
