Предложено бришење на Музејот на ВМРО од Листата на културно наследство
Шестчлена работна група на Министерството за култура предложи Музејот на ВМРО и на македонската борба, изграден покрај кејот на реката Вардар во Скопје, да биде избришан од Листата на објекти од културно наследство.
Групата оцениле законски и стручни неправилности во концептот и упад во идентитесткиот корпус на македонскиот народ и Македонија.
Констатирано е фаворизирање на партиски митови и прекршување на неколку закони.
Одлука за изградба на музејот донесе претходната власт во 2008 година, а беше готов три години подоцна по потрошени 17 милиони евра.
Слично
