Економија, финансии, бизнис

Контакт

Предложен притвор за семејно насилство во тетовско

Предложен притвор за семејно насилство во тетовско

Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка и предложи мерка притвор за жител на тетовско Гајре за загрозување на сигурноста и елесна повреда.

- На 21 јуни, при вршење семејно насилство, осомничениот сериозно се заканил на неговата мајка и на сопругата, на кои најпрво им побарал 100 евра, а тие одбиле да му дадат пари. Со намера да ги вознемири и да ги заплаши жените, започнал да ја крши покуќнината и со нож им се заканил дека ќе ги убие. Сопругата ја удирал со тупаници по телото и ја влечел за косата, нанесувајќи и телесни повреди, објави Обвинителствот.

Ценејќи дека се исполнети законските основи, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.


Слично

Поврзани вести