Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРЕДЛОГОТ ЗА ПРЕКРОЈУВАЊЕ НА ВЛАДАТА СИ ДОЈДЕ ДО СОБРАНИЕТО: “Фрчат“ идеи, но кои ќе бидат прифатени?

ПРЕДЛОГОТ ЗА ПРЕКРОЈУВАЊЕ НА ВЛАДАТА СИ ДОЈДЕ ДО СОБРАНИЕТО: “Фрчат“ идеи, но кои ќе бидат прифатени?

Собранието го доби предлогот за реконструкцијата на Владата на РМ.

Дел од составот на Владата ќе биде и партијата Беса на Африм Гаши којашто го доби министерството за култура и ДПА на Мендух Тачи со две позиции во Владата.

БЕСА на Гаши го номинира Асаф Адеми за нов министер за култура. Повеќе за него прочитајте тука.

ДПА: Бардиљ Даути, предложен за министер без ресор задолжен за странски инвестиции, кој доаѓа на местото на Рамиз Мерко кој е избран за градоначалник на Струга.

Но, освен што во Владата ќе влезат нови имиња, ќе има и промени. Актуелната министерка за образование и наука, Рената Дескоска ќе стане глава на Министерството за правда.

Арбер Адеми, ќе се бори да не биде заменик министер за образование, туку да седне на главната фотелја.

Заменик министер за надворешни работи ќе биде Андреј Жерновски кој премина во редовите на СДСМ. 

Досегашниот заменик министер во здравството Гоце Чакаровски ја напушта функцијата и на негово место се предлага да биде избран Асим Муса, кадар на ДУИ.

Заменик министер во транспорт ќе биде кадар на ДПА Сабдик Беќири, а во труд и социјална политика за заменик министер се предлага  Џонул Бајрактар – од партијата на Турците.


Слично

Поврзани вести