Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРЕДЛОГ ЗАКОНОТ ЗА РОДОВА ЕДНАКВОСТ Е ПОГУБЕН ЗА ИДНИТЕ ГЕНЕРАЦИИ: Интегра бара да биде повлечен

ПРЕДЛОГ ЗАКОНОТ ЗА РОДОВА ЕДНАКВОСТ Е ПОГУБЕН ЗА ИДНИТЕ ГЕНЕРАЦИИ: Интегра бара да биде повлечен

Партијата ИНТЕГРА има низа забелешки во однос на предлог Законот за родова еднаквост и нарекувајќи го трагичен посочува дека е децидно против негово донесување.

-Во континуитет, уште од 2019 година јавно, јасно и експлицитно предупредуваме на погубните последици од носењето на едно такво законско решение, по идните генерации.
Предлог- Законот за родова еднаквост прикриено овозможува замена на терминот пол со терминот род, и се доаѓа до крајната цел - релативизирање на половите. Родовиот идентитет овозможува личноста да се идентификува како маж или жена независно од биолошкиот пол, што доведува до сериозен атак посебно врз децата и семејството. Аргументацијата на власта дека станува збор за определување на социјална положба преку избор на род е невидена небулоза и скриена политика на поништување на природниот поредок на човештвото. Кога и да си поигрува човекот со нешто што не е негово дело, резултатот е неизбежно катастрофален. Родовата еднаквост што агресивно се промовира е скреина политичка агенда на глобалистички центри на моќ и т.н. “длабока држава“, која има за крајна цел да го поништи бракот и семејството, што само по себе води кон дехуманизација и депопулација на населението, наведува ИНТЕГРА во денешното соопштение.
Партијата ги повикува сите политички партии и останатите институции и здруженија за да, како што велат, цврсто застанат против предлог-законот.

Ги повикуваме партиите  – парламентарни и вонпарламентарни, сите здруженија на граѓани и целиот невладин сектор кој стои на конзервативните и традиционални вредности, потоа МПЦ-ОА и останатите Христијански цркви и верските заедници, јавно, јасно и експлицитно да се изјаснат против ваквите погубни процеси по иднината на нацијата и државата. ИНТЕГРА очекува јасен и недвосмислен став на јавноста и медиумите во полза на зачувување на здраворазумноста. Не е време да се стои настрана, туку да се делува активно во разобличување на вистината и позадината на овој закон, во име и за сметка на здрави идни генерации. Истовремено, ги повикуваме пратениците во Собранието на Македонија да се изјаснат против ваквото законско решение и да го повлечат истото од понатамошна процедура, независно од потпишаната Истанбулска конвенција и досега преземените обврски на било кое ниво на извршна власт.

ФОТО: ФБ

Слично

Поврзани вести