Економија, финансии, бизнис

Контакт

Предлог-законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги е усвоен

Предлог-законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги е усвоен

На својата 55-та седница која се одржа попладнево, Владата на Република Македонија го усвои Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), извести на својот Твитер профил портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски.


Предлог-законот ќе биде испратен во Собранието, каде следува расправа,а потоа и негово изгласување.

Во прашање е четвртата верзија на предлог-законот, која Министерството за информатичко општество и администрација ја објави во четвртокот.

Постапката за донесување на новите законски измени почна на 14 јули минатата година, со првата јавна дебата, а оттогаш се одржа уште една дебата и низа консултации. Како што вели Министерството, во текстот се внесени и коментарите добиени на Единствениот национален електронски регистер (ЕНЕР) за претходната работна верзија, објавена на 4 ноември минатата година.

Слично

Поврзани вести