Предлог законот за амнестија задутре во Собрание - што вели власта?
Предлог-законот за амнестија на сите обвинети за упадот во Собранието од 27-ми април е готов. Партијата ќе го поднесе до Собранието в понеделник, и бара да се носи по скратена постапка.
За СДСМ, предлогот на ВМРО-ДПМНЕ е упад во правосудството.
„Како одговорна и државотворна партија се водиме да го почитуваме принципот на правна држава и во таа насока може да зборуваме за подавање рака, може да зборуваме за помирување, но никако не може да зборуваме за амнестија, која што де факто значи упад во правосудниот систем“, вели Костадин Костадинов, пратеник од СДСМ.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, рече дека ВМРО-ДПМНЕ нема намера да влегува во како што рече стапици на разно разни комисии за некакво лажно помирување, додека вели се затвораат невини луѓе и се води политички прогон против неистомислениците.
