Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Предлог законите ја загрозуваат независноста на судството“: СДСМ со 82 амандамни за законот за јавнообвинителската служба

„Предлог законите ја загрозуваат независноста на судството“: СДСМ со 82 амандамни за законот за јавнообвинителската служба

Предлог-законот за судска служба на Министерството за правда предизвика бројни реакции како од засегнатите, така и од политичките партии кои не се дел од владејачката коалција. 

По вчерашната реакција и најава на Левица дека поденесуваат голем број амандмани, денеска се огласија и од пратеничката група на СДСМ и коалицијата, од каде посочуваат дека поднеле над 80 амандмани.

- По темелна анализа и врз основа на директните забелешки и предлози од синдикатите и претставниците на судската и јавнообвинителската служба, СДСМ и коалицијата поднесе вкупно 82 амандмани на предложените законски решенија за судската и јавнообвинителската служба - стои во соопштението на СДСМ.

Од нив, 55 амандмани се однесуваат на Законот за судска служба, 27 на Законот за јавнообвинителска служба, а дополнително 19 амандмани ќе бидат поднесени како комисиски амандмани.

- Предлог измените се резултат на сериозни укажувања од стручната јавност и синдикалните претставници, кои јасно предупредуваат дека предложените решенија во сегашна форма во Предлог законите ја загрозуваат независноста на судството и значително ја влошуваат положбата на вработените во правосудниот систем.

Пратеничката група на СДСМ и коалицијата јасно укажува дека овие служби не смеат да бидат игнорирани, бидејќи токму тие се носители на секојдневното функционирање на правосудниот систем и најдобро ги познаваат реалните предизвици во праксата.

Се упатува јасен повик до сите пратеници во Собранието да ги поддржат предложените амандмани, со цел да се обезбеди фер, функционално и независно судство, како и достоинствени услови за работа на судските и јавнообвинителските службеници - се нагласува во нивното соопштние. 

Од партијата додаваат дека доколку овие амандмани не бидат прифатени, постои сериозно предупредување дека судската служба ќе биде вратена две децении наназад, со ризик од институционален хаос, дополнително ослабување на системот и забрзан одлив на веќе недоволниот стручен кадар.

Затоа, повикот е јасен да се слушне гласот на стручната служба и да се заштити независноста и достоинството на судската и јавнообвинителската служба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ: 

„Кому му е потребно судство зависно од Владата?“: Левица бара измени и поднесе 50 амандмани на Законот за судска служба

Слично

Поврзани вести