Економија, финансии, бизнис

Контакт

Предлог измените на Изборниот законик не поминаа во Собранието

Предлог измените на Изборниот законик не поминаа во Собранието

Во Собранието не поминаа предлог измените на Изборниот законик. 

Собранието на вонредна седница денеска гласаше за предлог измените на Изборниот законик со кои независните листи за советници и кандидати за градоначалници требаше да соберат потписи од 0.95 проценти од запишаните во Избирачкиот список за конкретната општина или Град Скопје.

Во комисиската расправа по измените Левица поднесе амандман со кој процентот 0,95 се заменува со 0.5 што беше прифатено од сите, освен од Европскиот фронт.

Откако предлог измените се вратија на пленарна седница, за нив  гласаа 66 пратеници додека 18 беа против, но во гласањето на немнозинските заедници, 11 гласаа За, а 18 пратеници Против со што предлог измените не беа усвоени.

Првиот круг од локалните избори ќе се одржи на 19 октомври. 

Слично

Поврзани вести