Предлагачот ги информираше Заев и Ципрас дека се номинирани за награда
Поранешниот лауреат Уидед Бушамауи го информираше македонскиот и грчкиот премиер - Зоран Заев и Алексис Ципрас, дека се официјално номинирани во изборот за Нобеловата награда за мир во 2019.
Предлагачот официјално испратила писмо до Комитетот за Нобеловата награда за мир со номинација Заев и Ципрас да бидат кандидати за оваа награда, за 2019 година.
Според Бушамау, главен адут на Заев и Ципрас е постигнатиот Преспански договор и неговата ратификација во законодавните домови на двете земји.
„Во овој процес и во овој храбар и визионерски акт со кој се утврдува дијалогот, довербата и основата за една заедничка иднина на Република Северна Македонија и на Грција во рамките на меѓународните организации, вие господине Премиере Заев , како и господинот Ципрас, одигравте клучна улога. Во таа смисла, си дозволувам да искажам големо почитување и восхит кон вас двајцата лидери – големи градители на мирот на Балканот“, пишува во писмото до премиерот Заев нобеловката Бушамауи.
Писмо со идентична содржина, добитничката на Нобеловата награда за мир за 2015 година, испратила и до грчкиот премиер Алексис Ципрас.
