Предизвикан пожар во уште една коцкарница
МВР објави дека е подметнат пожар пред обложувалница од засега непознати две лица.
„Денеска (01.07.2024) во 03.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Гази Баба од страна на две лица бил предизвикан пожар на надворешниот дел од спортска обложувалница“, запишано е во полицискиот билтен.
Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје.
Полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Настанот потсетува на претходните два инциденти од незадоволни обложувачи во Битола. Неодамна разочаран играч запали казино а потоа друг, со трактор направи сериозни оштетувања на друго казино.
Слично
