Економија, финансии, бизнис

Контакт

Предизвикан пожар во планинарскиот дом Караџица

Предизвикан пожар во планинарскиот дом Караџица

Вчера во 15.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека изминатиот период непознат сторител со употреба на физичка сила и погоден алат влегол во планинарскиот дом „Караџица“ во селото Црвена Вода, Скопско, и предизвикал пожар.

„Известен бил јавен обвинител. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информира полицијата.

Планинарскиот дом „Караџица“ се наоѓа на падините на планината Мумџица која е составен дел на планинскиот масив Јакупица.

Слично

Поврзани вести