ПРЕДИЗВИКАЛА ПОЖАР: Полицијата уапси жена од дебарско
Уапсена e 43-годишна жена во дебарско поради предизвикување на пожар.
Во селото Долно Косоврасти, дебарско денеска во 9.50 часот, полициски службеници ја уапсиле А.Х. (43) бидејќи предизвикала пожар на сува трева.
Територијалната противпожарна единица го изгасна огнот во 10.10 часот.
Претходните денови, полицијата во околината на Скопје уапси повеќе луѓе кои подметнале пожар.
Полицијата вчера објави дека уапсила и земјоделец во тетовско затоа што предизвикал пожар.
Слично
