Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРЕДИЗВИКАЛ ПОЖАР ВО РУИНИРАНА КУЌА: Приведен е маж од Свети Николе

ПРЕДИЗВИКАЛ ПОЖАР ВО РУИНИРАНА КУЌА: Приведен е маж од Свети Николе

Приведен e маж од Свети Николе поради предизвикување пожар. 

Полициски службеници го уапсиле М.Ј.(31) од Свети Николе затоа што вчера околу 13.30 часот кај место викано „Крушки” во атар на Свети Николе предизвикал пожар во руинирана куќа, кој се проширил на сувата трева околу куќата. Пожарот е локализиран. По насоки од ОЈО Свети Николе М.Ј. е задржан во ПСОН Свети Николе, а потоа со соодветна пријава е изведен пред судија на претходна постапка од Свети Николе, кој му определил мерки на претпазливост.

Како што соопшти полицијата вчера, неколку лица се приведени поради подметнување на пожари. Лице од радовишкото село Али Коч признало дека подметнало пожари. 

Слично

Поврзани вести