Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРЕДИЗБОРНО ВЕТУВАЊЕ НА ЃОРЃИЕВСКИ: „Егзит“ доаѓа во Скопје

ПРЕДИЗБОРНО ВЕТУВАЊЕ НА ЃОРЃИЕВСКИ: „Егзит“ доаѓа во Скопје

Кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓоргиевски, информира дека е постигнат договор со основачот на „EXIT“ фестивалот, г-дин Душан Ковачевиќ, од следната година Скопје да биде нова дестинација на една од водечките европски фестивалски групации, пишува во денешното соопштение на Изборниот штаб на Орце Ѓорѓиевски, што МИА го пренесува интегрално.

„Убеден сум дека бренд како „EXIT“ значително ќе го зголеми квалитетот на забавниот живот и културната понуда на Скопје и Македонија. Тоа ќе ја стави нашата метропола на мапата на топ дестинации за посета на огромен број туристи, бидејќи граѓаните на Скопје и Македонија го заслужуваат најдоброто,“ изјави Ѓоргиевски.

Со ова Скопје ќе се вброи меѓу европските градови кои се дел од мрежата на еден од најпрестижните музички фестивали во Европа, што ќе значи и нова енергија, нови инвестиции и зголемување на туристичкиот потенцијал на главниот град.


Слично

Поврзани вести