Економија, финансии, бизнис

Контакт

Предизборно Јанакиески ветува обнова на 100 локални патишта

Предизборно Јанакиески ветува обнова на 100 локални патишта
Во текот на оваа и идната година планирана е обнова на 100 локални патишта, најави министерот за транспорт Миле Јанакиески. Патиштата се со вкупна должина од 200 километри. „Во периодот 2010-2013 на територијата на РМ се изградени 288 локални патишта, односно реконструирана или целосно изградена е вкупна мрежа од 566 километри. Никогаш претходно во земјава не се инвестирало толку во делот на локалната мрежа“, изјави Јанакиески, кој заедно со велешкиот градоначалник Славчо Чадиев изврши увид во текот на градежните работи на локалниот пат Мумутчево-Иванковци во реонот на Велешко. Преостануваат да се доизгради односно доасфалтира уште 1,5 километри од овој пат, кој треба да биде завршен во мај а вкупно чини 750 илјади евра. Патот беше изграден на барање на околу 2.000 жители на овие две населени места.    
Слично

Поврзани вести