Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Предизборен“ референдум во Неготино

„Предизборен“ референдум во Неготино

Во Неготино во моментов е при крај собирањето на потписи за организирање локален референдум на кој ќе се изјаснат дали сакаат регионална депонија на Криволак, иако Советот на општината пред десетина дена ја поништи електронската аукција, преку која фирмата „П и П индустри“ доби концесија за земјиштето, објави 24 Вести.

Еколошкото друштво „Еко вита“ е иницијатор на референдумот и од таму велат дека досега собрале 3.000 и им требаат уште 200 потписи, за да се распише референдумот за да се слушне и гласот на народот.

Градоначалникот на Неготино, Тони Делков, во оваа иницијатива гледа политичка манипулација на опозицијата и дека одобрението за изградба на депонија било дадено пред десетина години.

Активистите се сомневаат дека на оваа депонија ќе се складира широк спектар на отпадни материи и дека ќе се увезува отпад и од други држави.


Слично

Поврзани вести