Економија, финансии, бизнис

Контакт

Предистрага за случајот со лажни фактури на нафтени компании

Предистрага за случајот со лажни фактури на нафтени компании

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција отвори предистражна постапка за случајот со 3 нафтени компании кои со фиктивни фактури се обиделе да украдат пари од државата преку враќање на ДДВ. Предметот е во предистрага и е поврзан со сомнежите што ги објави Управата за јавни приходи.

„По однос на случајот пријавен од Управата за јавни приходи, предметот е разгледан од надлежен обвинител. Отворивме предистражна постапка и сме во фаза на прибирање факти и материјални докази за трите комерцијални нафтени компании и импликациите со другите страни во овој случај“, соопштија од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Управата за јавни приходи утврдила дека овие три фирми преку поврат на ДДВ се обиделе да украдат околу 2,6 милиони евра, со фиктивни фактури за купување и продавање нафтени деривати. Овие фирми избегнале и персонален данок од над 300.000 евра, како и тоа што во контролираниот период немале ниту еден вработен и не исплатиле плати.

„Потврдивме дека имаме 80 лажни фактури. На пример, во сметководителската евиденција на добавувач е забележана само една излезна фактура, чија вредност е речиси 43 пати помала од збирот на писмените влезни фактури на даночниот обврзник во третиот случај. Во најголем дел од фактурите, злоупотребени и логоа, потписи и печати на добавувачите“, велат од Управата за јавни приходи.


Слично

Поврзани вести