„ПРЕДАВАМЕ ДОКУМЕНТИ ДО САМОПРОГЛАСЕНИОТ ГЛАВЕН ДРЖАВЕН ОБВИНИТЕЛ, КАДИЈА И ВРХОВЕН СУДИЈА“: Кузеска со документите пред Влада
Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, достави документи до Владата со кои тврди дека вицепремиерот и министер Изет Меџити работел незаконски. Таа го отвори и прашањето за земање мито со вакво постапување. За Мицкоски пак, рече дека постапувал и како обвинител и врховен судија.
„Предаваме документи до самопрогласениот главен државен обвинител, кадија и врховен судија. Денес ќе му ги доставиме документите на премиерот Мицкоски за скандалот со вицепремиерот Меџити. Чувствуваме одговорност да реагираме веднаш откако тој јавно повика да му се достават докази за сомнежите дека постои корупција и неправилности во работата“, рече Кузеска, покажувајќи документи и нагласувајќи дека станува збро за официјални документи со печати и архивски броеви.
Според неа, документите се релевантни бидејќи се од државни институции со архивски броеви, печати и потписи.
„Овде е наведено дека Државниот управен инспекторат констатирал неправилности во работењето, дека Меџити ги пречекорувал своите законски овластувања, лично потпишувајќи ги сите предмети.
Дали на овој начин сакал да воспостави контрола, за да има простор да има уцени кон фирмите и кон граѓаните? Според наведеното во документите во Министерството имало систем за потпис, и одлулучување спортивно на законите и административните процедури, што отвора сомнеж за корупција и за мито. Очекуваме Мицкоски да ги прчоита и разгледа и да одговори на сите сомнежи за можна корупција. Да видиме дали ќе преземе нешто премиерот со овие докази во рака, дали ќе ги повика надлежните институции да преземат некакви мерки или ќе продолжи да ги штити Меџити“, рече Кузеска.
