Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пред Владата се слави Денот на независноста на Македонија

Пред Владата се слави Денот на независноста на Македонија

Со културно-забавна програма пред платото на Владата се одржува централната свеченост по повод одбележувањето на 8 Септември, Денот на независноста на Република Македонија.

Забавно-музичкиот дел го отвори Огнен Узуновски – Оги со диџеј сет.

Програмата предвидува музиката на оркестарот на Македонската филхармонија, заедно со Тамара и Тијана, кои ќе ги изведат најубавите македонски евергрини. Пред присутните ќе се обрати претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев.

Имаше денеска и дел за деца. 

Република Македонија, денеска одбележува 27 години самостојност и независност, по успешно спроведениот Референдум, што се одржа на 8 септември 1991 година, а на кој над 95 проценти од граѓаните се изјаснија за самостојна и суверена држава.

Слично

Поврзани вести