Пред Уставен се оспорува именуваните и назначените лица да земаат плата и по престанувањето на функцијата најмногу 12 месеци
Пред Уставен суд се оспорува членот 19 од Закон за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица кој предвидува именуваните и назначените лица да земаат плата и по престанувањето на функцијата најмногу 12 месеци. Се оспоруват и членовите 20,21,22,23,24 и 25 кои го доуредуваат членот 19. Според подносителот наведените членови се спротивни на темелните вредности на владеењето на правото и принципот на еднаквост предвидени со Уставот. Подносител e Глигорие Ќатоски, адвокат од Струга, соопштија од Уставен суд.
Слично
