Пред УЈП се појавил човек кој се претставил како нов сопственик на 1ТВ
Пред Управата за јавни приходи се појавил физичко лице кој се претставил како нов сопственик на 1ТВ. Ова го потврди УЈП, а истото се случило кога се чешлала документацијата на телевизијата во сметководственото биро. Од таму не сакаат да го откријат идентитетот, освен дека се работи за физичко лице, а не за правен сублект.
Новиот сопственик потврдил дека му се отстапени уделите од телевизијата без надомест, а единствен услов било тој да ги плати долговите во сметководството.
До сега за де-факто сопственик на оваа телевизија важеше Бојан Јовановски, првообвинет во случајот „Рекет“, кој во моментов е во притвор.
А.Т.
Слично
