Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пред три месеци е поднесена кривична против „Жан Митрев“ за пациент кој починал од сепса

Пред три месеци е поднесена кривична против „Жан Митрев“ за пациент кој починал од сепса

Кривична пријава против клиниката „Жан Митрев“ била поднесена пред три месеци од страна на адвокатот Асмир Алиспахиќ, во име на пациент кој се лекувал таму и починал од сепса, соопштија од редакцијата на ИРЛ, Истражувачката репортерска лабораторија. Тие истражувале и ја изработиле истражувачката сторија која силно одекна во јавноста. Во сторијата се зборува за лица кои не биле известени дека се дел од клиничко испитување со филтрација на крв, а им било речено дека методот е единствен начин да се спасат од корона-вирусот.

„Откако откривме дека ковид-пациенти без да знаат дека се предмет на клиничко испитување, им била нудена хемофилтрација (филтрација на крвта) како единствен спас од вирусот за илјадници евра, обвинителството ќе ги проверува наодите на семејствата на жртвите, кои сведочеа за пропустите со кои се соочиле при лекувањето во клиничкиот центар „Жан Митрев“. Клиничките студии не биле пријавени во МАЛМЕД. Клиниката на доктор Жан Митрев, не пријавила ниту една интрахоспитална инфекција во Центарот за јавно здравје, иако потресните сведоштва на семеjствата на пациенти кои се лекувале таму посочуваа на интрахоспитални бактерии кои биле кобни по животите на нивните најблиски“, наведоа од ИРЛ.

Во меѓувреме стотици пријави од граѓани за неправилности и злоупотреби во рамки на државниот и приватниот здравствен систем пристигнале до редакцијата на ИРЛ, по објавувањето на  документарецот „Нечиста крв“.

фото: МИА

Слично

Поврзани вести