Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРЕД СВР ОХРИД СЕ ПОДГОТВУВААТ ПРОТЕСТИ: Членови и функционери на ВМРО ДПМНЕ свикани во СЈО

ПРЕД СВР ОХРИД СЕ ПОДГОТВУВААТ ПРОТЕСТИ: Членови и функционери на ВМРО ДПМНЕ свикани во СЈО

Од добро упатени извори Фактор дознава дека во Охрид се подготвуваат протести од страна на членството на ВМРО ДПМНЕ пред СВР Охрид.

Причината е најверојатно тоа што Специјалното јавно обвинителство повикало на распит над 200 членови и функционери на партијата на Никола Груевски од Охрид  .

Токму ова го потврдил и општинскиот комитет на партијата синоќа за охридски медиуми, а повиканите се викнати на распит за истражна постапка која СЈО ја покрена за финансирање на изборите во 2014 година.

СЈО истражува  вработени во СВР Охрид, актуелни и поранешни директори на државни институции и служби, здравствени организации, јавни претпријатија и истакнати членови на партијата.

Слично

Поврзани вести