Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пред Собранието ќе има протести до Нова година

Пред Собранието ќе има протести до Нова година

Протести против промена на Уставот ќе има до Нова година. 

Иницијативата „Македонија блокира“ и Кризниот штаб против промена на Уставот,  почнаа со протестите пред Собранието во кое почна расправата од фтората фаза за уставните измени предвидени со Преспанскиот договор на Македонија и Грција.

Ветија дека нема да ги одат, ќе постават шатори. Порача дека ќе ја бранат Македонија и нема да дозволат никој да ја уништува. 

Пред Собранието околу 200 граѓани пеат патриотски песни, бараат итна оставка од Владата и најавуваат дека ќе постават шатори пред Парламентот и ќе останат таму да ја дочекаат Нова година. Тие го критикуваа МВР дека со тоа што поставило двојна ограда и ја преместило во поширок круг околу Собранието, ги провоцираат оние кои денеска протестираат против уставните измени.

На улицата пред Парламентот има поставено двојни барикади, а видно е и бројно полициско обезбедување.

Слично

Поврзани вести