ПРЕД СОБРАНИЕ: Протест за донесување Закон за амнестија
Попладне пред Законоавниот дом ќе се одржи протест од Граѓанската иницијатива за донесување Закон за амнестија на осудениците
Целта на овој протест според Граѓанската иницијатива е да добијат позитивен одговор од претседателот на Парламентот за распишување граѓанска иницијатива на државно ниво за собирање 10 илјади потписи за да се донесе Закон за амнестија во законски предвидениот рок.
Ако не биде одговорено на нивните барања, како што велат, ќе протестираат деноноќно се до добивање позитивен одговор од страна на претседателот Трајко Вељаноски.
Слично
