Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пред седиштето на ДУИ прво имало тепачка, па потоа пукање

Пред седиштето на ДУИ прво имало тепачка, па потоа пукање

По претходна вербална расправија меѓу две групи на граѓани од Куманово пред седиштето на ДУИ во Мала Речица најпрвин дошло до тепачка, а подоцна и пресметка со огнено оружје. 

На околу 200 метри од седиштето на ДУИ, едно од лицата кое било нападнато, успеало да стигне до својот автомобил со кој подоцна им го пресекол патот на напаѓачите и почнал да пука кон нив, велат очевидци за телевизија 24. Во престрелката која се случила некаде околу 18 часот и 20 минути две лица се здобиле со прострелни рани, додека две се приведени, неофицијално велат извори од МВР за телевизија 24.

Слично

Поврзани вести